• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинските сили собориле 28 од 39 руски дронови, а руските сили собориле 23 украински дронови

Украинските сили собориле 28 од 39 руски дронови, а руските сили собориле 23 украински дронови

Киев, 3 април 2025 (МИА) - Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 28 од вкупно 39 руски беспилотни летала.

Како што се додава, уште седум не стигнале до своите цели, најверојатно поради контрамерки за електронско војување. 

Не е наведено што се случило со преостанатите четири дронови.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 23 беспилотни летала над неколку руски региони.

Според достапните податоци, шест беспилотни летала биле соборени над регионот Брјанск, по пет над регионите Орол и Курск, четири во регионот Калуга, два во регионот на Белгород и еден во регионот на Смоленск. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан