• сабота, 23 ноември 2024

Украинските власти велат дека руските тврдењата за употреба на „валкана бомба“ се „апсурдни“ и „опасни“

Украинските власти велат дека руските тврдењата за употреба на „валкана бомба“ се „апсурдни“ и „опасни“
Киев, 23 октомври 2022 (МИА) - Украина  негира дека планира да употреби „валкана бомба“ против руските сили, откако рускиот министер за одбрана за време на телефонските разговори со претставници од НАТО држави рече дека Киев има намера да употреби таков вид оружје. „Руските лаги за Украина дека наводно планира да употреби „валкана бомба“ се исто толку апсурдни колку што се опасни“, објави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба на социјалните мрежи. „Прво, Украина  нема никакви „валкани бомби“ и не планираме да ги имаме. Второ, Русите често ги обвинуваат другите дека го планираат она што тие самите го планираат“. зш/

Остани поврзан