• среда, 25 декември 2024

Украинските борци нема да се лекуваат во швајцарските болници

Украинските борци нема да се лекуваат во швајцарските болници
Женева, 18 јули 2022 (МИА) – Швајцарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Владата не го одобрила барањето на НАТО повредените украински борци да се лекуваат во Швајцарија, за да не го прекрши принципот на неутралност.

- Швајцарија преку својата помош и својата хуманитарна заложба во принцип дава подобра и поефикасна поддршка на самото место отколку пациентите да бидат примени во Швајцарија, се наведува во соопштението од швајцарското МНР.

Во соопштението се потенцира дека приемот на украинските борци би бил проблематичен за неутралноста на земјата, што е камен-темелник на швајцарската надворешна политика повеќе од два века. Според член 37 од Женевската конвенција од 1949 година, повредените и болните лица извлечени од зоната на конфликтот мора да бидат „заштитени во неутрални држави“ за да не учествуваат повторно во воени акции. Барањето, поднесено од НАТО, кое ги координира медицинските евакуации од Украина, беше добро прифатено во кантоните пред швајцарската Влада да донесе поинаква одлука. ми/

Остани поврзан