Украинскиот министер за спорт го нарече Инфантино „инфантилен“
- Украинскиот министер за спорт Матвиј Бидни го нарече денеска претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, „неодговорен“ и „инфантилен“ поради неговата изјава дека ФИФА ќе разгледа укинување на санкциите за рускиот фудбал.
Киев, 3 февруари 2026 (МИА) – Украинскиот министер за спорт Матвиј Бидни го нарече денеска претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, „неодговорен“ и „инфантилен“ поради неговата изјава дека ФИФА ќе разгледа укинување на санкциите за рускиот фудбал.
„Зборовите на Џани Инфантино звучат неодговорно, да не речам инфантилно. Тие го одделуваат фудбалот од реалноста во која се убиваат деца“, напиша Бидни на социјалните мрежи.
Руските национални тимови и клубови беа суспендирани од сите натпреварувања организирани од ФИФА и Европската фудбалска унија (УЕФА) во февруари 2022 година по руската инвазија врз Украина.
Инфантино вчера во изјава за британските медиуми, најави можно укинување на санкциите, оценувајќи дека „забраната не постигна ништо“ и „само создаде поголема фрустрација и омраза“.
„Дозволете ми да ве потсетам дека од почетокот на руската агресија во полн обем, убиени се повеќе од 650 украински спортисти и тренери. Меѓу нив имаше повеќе од сто фудбалери“, рече украинскиот министер за спорт. ег
ФОТО: Фејсбук профил