• среда, 25 декември 2024

Украинскиот министер за одбрана информира за новиот пакет воена помош, договорен во рамки на „Рамштајн 24“

Украинскиот министер за одбрана информира за новиот пакет воена помош, договорен во рамки на „Рамштајн 24“

Киев, 7 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров ги објави постигнатите договори на 24. состанок на „Рамштајн“, кој се одржа во базата на американското воено воздухопловство во градот Рамштајн-Мизенбах во Германија.

Умеров прецизира дека САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 250 милиони долари. Овој пакет вклучува критично оружје и опрема, борбени возила М2 Бредли и ракети за ХИМАРС.

Умеров вели дека Канада ќе обезбеди голема серија мотори за наведувани воздушни ракети и 1.300 боеви глави за нив, „што значително ќе ги зајакне нашите способности во воздушни операции“. Пакетот исто така вклучува илјадници митралези и пиштоли, воена опрема и педесетина „санитетски возила“, кои ќе помогнат да се задоволат медицинските потреби на фронтот.

Покрај тоа, Канада презема важна улога во обуката на украинските пилоти за управување со Ф-16 во рамките на програмата „ФЛИТ“. Владата ќе издвои 389 милиони долари за петгодишна обука на пилоти и технички персонал.

Во меѓувреме, Велика Британија ќе испорача 650 лесни повеќеракетни проектили (ЛММ) во вредност од 162 милиони фунти. Холандија ќе обезбеди ракети воздух-воздух и помошен материјал за авионите Ф-16 во вредност од 80 милиони евра.

Шведска се приклучи на коалицијата за деминирање, ветувајќи пет милиони евра на коалицискиот фонд за поддршка на напорите за деминирање, додека Шпанија ќе испрати батерија противвоздушни ракети ХАВК која вклучува шест лансери.

- Уште еден клучен резултат од состанокот со сојузниците е потпишувањето на Правилникот за Коалицијата за поморски капацитети, наведе Умеров. ссм/

фото: архива

Остани поврзан