• сабота, 23 ноември 2024

Украинскиот министер за надворешни работи започнува дипломатска турнеја во Африка

Украинскиот министер за надворешни работи започнува дипломатска турнеја во Африка

Киев, 4 август 2024 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе посети три африкански држави следната недела за да ја зголеми поддршката за Киев во војната против Русија, соопшти украинското МНР.

Кулеба ќе ги посети Малави, Замбија и Маврициус меѓу 4 и 8 август. Ова ќе биде четвртата дипломатска турнеја на министерот во Африка во последните две години.

„Сите средби ќе бидат насочени кон развој на билатералните односи, основани на взаемна почит и интереси. Меѓу клучните теми ќе биде учеството на африканските држави во глобалните напори за враќање на праведниот мир за Украина и светот,“ се наведува во соопштението на министерството.

Неколку африкански земји учествуваа на конференцијата за мир во Украина одржана во Швајцарија во јуни. Повеќето од нив не беа подготвени да се приклучат на западните напори за изолација на Русија, која е важен снабдувач на енергија и стоки.

Кулеба исто така ќе разговара за испораките на украинско жито за регионот и учеството на африкански компании во обновата на Украина, додаде министерството. ссм/

фото: архива

Остани поврзан