• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинска железница: Русија го нападна електроенергетскиот систем на државните железници

Украинска железница: Русија го нападна електроенергетскиот систем на државните железници

Москва, 19 март 2025 (МИА) - Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск.

„Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот“, напиша Украинската државна железница на Телеграм.

"За време на санирањето на штетата, непријателот повторно удри. За среќа, нема жртви. Издадена е наредба за испраќање противпожарен воз за гаснење на пожарот на местото. Работиме на обновување на објектот", се вели во соопштението на компанијата.

Пред неколку дена, руските војници ја нападнаа и железничката енергетска инфраструктура на регионите Днепропетровск и Запорожје. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан