• среда, 25 декември 2024

Украинска Армија: Украина врати дел од територијата на југ

Украинска Армија: Украина врати дел од територијата на југ

Киев, 11 септември 2023 (МИА) - Украинската армија синоќа соопшти дека освоила дополнителни 1,5 квадратни километри околу неодамна ослободеното село Роботин на југот на земјата, пренесуваат хрватските медиуми.

-Русите се држат за секој метар украинска земја. Меѓутоа, украинските воени сили се обидуваат да и отежнат колку што е можно на руската Армија да дојде до залихи, а во некои области тоа беше успешно, изјави вчера Александар Ступун, воен портпарол на првите линии.

Во меѓувреме, во источна Украина, руската Армија напредува во својата офанзива. Според Ступун, во близина на Маринка во регионот Доњецк, украинските војници одбиле околу 15 непријателски напади.

Во областа Харков, Русите не успеале да напредуваат во близина на селото Берестово, соопштија украинските власти. Според украинскиот Генералштаб, во последните 24 часа се случиле повеќе од 30 битки. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан