• сабота, 23 ноември 2024

Украинската СБУ упаднала во Киево-печерската лавра, митрополитот Павел ставен до домашен притвор

Украинската СБУ упаднала во Киево-печерската лавра,  митрополитот Павел ставен до домашен притвор

Киев, 1 апрул 2023 (МИА) - Игуменот на манастирот на Киевско-печерска лавра, во главниот град на Украина, митрополитот Павел, е ставен во домашен притвор.

-Ме пратија во домашен притвор, вели тој во видеото што го објави медиумот Вести, пренесе Хина.

Информацијата се уште не е официјално потврдена.

Украинската Служба за безбедност (СБУ) претходно соопшти дека митрополитот Павел е осомничен за поттикнување раздор и работа за Русија. Припадници на СБУ ја пребаруваат неговата резиденција, пишува руската агенција Тасс.

Извор од полицијата за украинскиот медиум Лига.нет потврдил дека митрополитот е осомничен за „поттикнување меѓуверска омраза и оправдување на вооружената агресија на Русија“.

Денешните настани уследија по одлуката на митрополитот Павел и другите членови на Украинската православна црква на Московската патријаршија, поддржана од Русија, да останат во стариот манастир во Киев и покрај повиците на украинската влада да си заминат.

Неколку дена откако украинското Министерство за култура издаде соопштение во кое ги повика свештениците на Киевско-печерската лавра да го напуштат манастирот до  29 март, Московската патријаршија соопшти дека нема намера да го напушти објектот, пишува „Киев Индипендент“. сд/

Остани поврзан