• вторник, 20 јануари 2026

Украинската Рада го разреши министерот за одбрана Денис Шмихаљ, станува вицепремиер и министер за енергетика

Украинската Рада го разреши министерот за одбрана Денис Шмихаљ, станува вицепремиер и министер за енергетика

Киев, 13 јануари 2026 (МИА) - Врховната Рада на Украина денеска со гласовите на 265 пратеници ја поддржа оставката на украинскиот министер за одбрана Денис Шмихаљ од оваа позиција, објави „Укринформ“.

Врховната Рада на 9 јануари ги доби поднесените оставки од министерот за одбрана, Денис Шмихаљ, и од првиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација, Михајло Федоров.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предложи досегашниот министер за одбрана Денис Шмихаљ да биде назначен за прв вицепремиер и министер за енергетика.

На Федоров му е понудена функцијата прв човек на Министерството за одбрана, објавува „Укринформ“.

На 4 март 2020 година Шмигаљ беше назначен за премиер на Украина и оваа позиција ја држеше најдолго време во историјата на земјата, до 17 јули 2025 година, кога, по оставката, ја презеде функцијата министер за одбрана во новата влада, според украинската веб-страница.сд/ссм/ 

фото:Х

Остани поврзан