• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинската војска соопшти дека потопила руска подморница и предизвикала значителна штета на ПВО систем С-400

Украинската војска соопшти дека потопила руска подморница и предизвикала значителна штета на ПВО систем С-400

Киев, 3 август 2024 (МИА) - Украинската војска денеска соопшти дека потопила руска подморница и предизвикала значителна штета на противракетниот одбранбен систем С-400 на нелегално окупираниот полуостров Крим, пренесуваат руските медиуми.

Според украинската војска, во вчерашниот напад биле оневозможени четири системи за воздушна одбрана „Триумф“.

Украинските сили, освен тоа, успешно погодиле и ја потопиле и руската подморница „Ростов на Дон“ во кримското пристаниште Севастопол.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан