• недела, 24 ноември 2024

Украинската војска издаде наредба за мобилизирање резервисти

Украинската војска издаде наредба за мобилизирање резервисти
Киев, 23 февруари 2022 (МИА) - Украинската војска издаде денеска наредба за мобилизирање резервисти, откако Русија им нареди на своите сили да се подготват за обезбедување на областите под контрола на бунтовниците во источниот дел на земјата. „Ќе бидат повикани резервисти на возраст од 18 до 60 години... Повикот ќе започне денеска. Максимално ќе бидат ангажирани една година“, соопштија украинските копнени сили во порака на Фејсбук. Украина денеска ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Русија, наведувајќи ја заканата од руска инвазија што може да го отежне обезбедувањето конзуларни услуги. – Поради ескалација на руската агресија врз Украина, која може да доведе до значително намалување на можната конзуларна помош во Русија, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Украина да се воздржат од патување во Русија, а оние во таа земја веднаш да ја напуштат нејзината територија, соопшти Министерството. паг/

Остани поврзан