• четврток, 26 декември 2024

Украинската воздушна одбрана собори 13 руски борбени беспилотни летала

Украинската воздушна одбрана собори 13 руски борбени беспилотни летала

Киев, 5 април 2024 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите 13 руски беспилотни летала од иранско производство, кои беа насочени кон јужните и југоисточните региони на земјата во текот на ноќта, напишаа воздухопловните сили на Телеграм.

Се вели дека објектите за снабдување со енергија во регионот Одеса биле една цел на воздушниот напад. Властите не дадоа никакви детали за можните цели во регионите Запорожје и Дњепропетровск, пренесе ДПА.

Руската војска во текот на ноќта истрела пет проектили врз цели во Украина од рускиот пограничен регион Белгород.

Во источниот украински регион Доњецк, најмалку двајца цивили загинаа, а пет се повредени од руско гранатирање во населбата Ниу-Јорк и градот Покровск, соопштија официјални лица. Оштетени се неколку десетици згради.

Во соседната област Харков, исто така, едно лице загина, а две други се повредени вчера од руска ракета додека работеле на нива.

Русија во последните недели ја интензивираше употребата на беспилотни летала наполнети со експлозив за да го нападне својот сосед, забележува ДПА. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан