• четврток, 19 декември 2024

Украинската Влада ја прифатила оставката на извршниот директор на „Нафтогас“

Украинската Влада ја прифатила оставката на извршниот директор на „Нафтогас“
Киев, 1 ноември 2022 (МИА) - Украинската Влада денеска ја прифати оставката на Јуриј Витренко на функцијата главен извршен директор на државната енергетска компанија „Нафтогас“. Преку апликацијата Телеграм компанијата соопшти дека Витренко (46) ќе остане на позицијата до 3 ноември, но не се дадени дополнителни детали. Витренко беше извршен директор на „Нафтогас“ од април 2021 година, а засега не дал никакво образложение за таквата негова одлука. Од „Нафтогас“ не се потврдени извештаите објавени во украинските медиуми и изјава на член на Парламентот дека Витренко треба да биде заменет со Алексеј Чернишов, министерот за заедници и територијален развој. Оставката на Витренко доаѓа по серијата руски ракетни напади врз украинските енергетски капацитети последните недели. „Нафтогас“ е во правен спор со руската државна енергетска компанија „Газпром“ околу транзитот на рускиот гас. аб/

Остани поврзан