• недела, 24 ноември 2024

Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство

Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство
Киев, 27 август 2022 (МИА) - Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство. Украинскиот премиер Денис Шмигал напиша на Телеграм дека на морнарите сега ќе им биде дозволено да ја преминат границата, објави Би-Би-Си. Како што е наведено, мажите кои се членови на екипажот на морски и речни бродови и продолжуваат да работат на бродови ќе можат да ја напуштат Украина. Ќе има и релаксиран режим за кадетите од образовните институции кои треба да поминат практична обука на брод. Сепак, тоа ќе биде можно по добивање дозвола од регионалните воени администрации. Сега, во рамките на општата мобилизација, мажите на возраст од 16 до 60 години кои подлежат на воена служба, не смеат да ја напуштат Украина. Според премиерот Шмигал, повеќе од 100.000 Украинци работат во светската трговска флота. Украинските морнари постојано бараа од властите да почнат да ги испраќаат на работа во странство доколку имаат важечки договор. На крајот на мај, заедно со нивните семејства, тие снимија видео порака за ова прашање до претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи дека нивните места на бродовите ги заземаат Руси. Од 1 септември, Украина ќе можат да ја напуштат службено и индивидуалните претприемачи и ангажираните работници, за период до седум дена и со гаранција од 200 илјади гривни (околу 5 илјади долари). паг/  

Остани поврзан