• сабота, 28 декември 2024

Украинскиот парламент ја одложи седницата поради безбедносни причини

Украинскиот парламент ја одложи седницата поради безбедносни причини

Киев, 22 ноември 2024 (МИА) - Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, објави јавната телевизија Суспилна.

„Беше планирано да се одржи седница на Врховната Рада на 22 ноември, на која пратениците требаше да поставуваат прашања до владата, но сè беше откажано поради безбедносни причини“, објави Суспилне.

На пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев, а според некои од нив, следната седница на украинскиот Парламент е закажана дури во декември.

Одложувањето дојде откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање рече дека Русија во четвртокот истрелала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект, како одговор на Киев за употреба на американски и британски ракети за да напаѓа цели на руска територија.

Предупредувањата за големи ракетни напади ги натераа американските и другите амбасади во Киев да затворат во средата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан