• четврток, 26 декември 2024

Украина ја обвини Русија за убиство на двајца воени заробеници

Украина ја обвини Русија за убиство на двајца воени заробеници

Киев, 11 јули 2024 (МИА) - Украинскиот главен обвинител Андриј Костин вчера ги обвини руските сили за убиство на двајца украински војници заробени минатиот месец во делумно окупираната од Москва област Запорожје во југоисточна Украина, објавија британските медиуми.

Тој рече дека видеото објавено на социјалните мрежи покажува дека руски војници им наредуваат на двајца невооружени украински војници да клечат во ров пред да бидат застрелани. 

-Видеото јасно покажува дека Украинците се предаваат и не претставуваат закана. Сепак, окупаторите цинично егзекутираа невооружени мажи, напиша Костин на социјалната платформа „Х“. Тој додава дека месецот на убиствата е утврден со спроведената истрага.

Русија постојано ги негираше наводите за воени злосторства од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, за која Киев тврди дека се близу 130.000. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан