• четврток, 26 декември 2024

Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол

Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол
Киев, 6 мај 2022 (МИА) - Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик Азовстал, јави Би-Би-Си. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција“ и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси сите цивили и војската“. Тој на Телеграм им се заблагодари на ОН. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук најави дека евакуациите од Мариупол денеска ќе се фокусираат на оние кои се заглавени во фабриката Азовстал. бд/ссм/

Остани поврзан