• четврток, 26 декември 2024

Украина усвои закон според кој странците ќе можат да бидат на офицерски позиции во украинските вооружени сили

Украина усвои закон според кој странците ќе можат да бидат на офицерски позиции во украинските вооружени сили

Киев, 10 октомври 2024 (МИА) - Врховната Рада (Парламентот) на Украина усвои закон за постапката за воена служба според договор за странци и лица без државјанство во вооружените сили на Украина, Специјалната транспортна служба и Националната гарда, давајќи им можност да извршуваат и офицерски позиции, објави пратеникот Јарослав Железњак на Телеграм.

Укината е одредбата според која странците можеле да извршуваат позиции само на регрути. На овој начин, сега веќе нема ограничувања на позициите за странци, вклучително и во офицерскиот корпус на украинските вооружени сили.

Според усвоениот закон, пристапот до државните тајни за странци и лица без државјанство се дава во исклучителни случаи врз основа на меѓународни договори одобрени од Врховната Рада или со писмена наредба на претседателот, имајќи ја предвид потребата да се гарантира националната безбедност врз основа на предлози на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан