• четврток, 26 декември 2024

Украина тврди дека уништила 20 руски дронови, а Русија 33 украински

Украина тврди дека уништила 20 руски дронови, а Русија 33 украински

Киев, 9 април 2024 (МИА) - Украинското воено воздухопловство соопшти дека соборило крстосувачка ракета и 20 руски беспилотни летала, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 33 беспилотни летала лансирани од Украина.

„Русија изврши воздушен напад врз Украина во текот на ноќта користејќи балистичка ракета Искандер, крстаречка ракета и нападни беспилотни летала“, соопштија украинските воздухопловни сили.

Украинските системи за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета и 20 нападни беспилотни летала, објави воздухопловството на Телеграм.

Ракетата „Искандер“ „не ја достигна целта“, се вели во соопштението, без да се наведат детали.

Не е јасно колку беспилотни летала лансираше Русија, ниту дали нападот предизвика штета или жртви.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле 33 беспилотни летала лансирани од Украина над неколку руски региони.

Беспилотните летала биле пресретнати или уништени пред да стигнат до нивните цели во регионите Липецк, Ростов и Волгоград, соопшти Министерството на Телеграм, без да даде дополнителни детали. паг/

Фото: МИА архива


     

 

 

Остани поврзан