Украина тврди дека соборила 130 руски дронови
- Според украинското воено воздухопловство, од 19:30 часот синоќа Русија лансирала 178 дронови од типот „Шахед“, како и две балистички ракети „Искандер-М“ од регионот Курск.

Киев, 15 март 2025 (МИА) - Украинските вооружени сили соопштија дека ноќеска собориле 130 руски дронови во масовен напад врз 14 региони во земјата.
Според украинското воено воздухопловство, од 19:30 часот синоќа Русија лансирала 178 дронови од типот „Шахед“, како и две балистички ракети „Искандер-М“ од регионот Курск.
„Воздушната одбрана беше активирана низ целата земја и успеа да собори 130 дронови, додека 38 други исчезнаа од радарите, но не предизвикаа штети“, се вели во соопштението на украинската армија.
Руската офанзива предизвикала материјални штети во Днепропетровскиот, Харковскиот, Одескиот, Сумскиот, Черниговскиот и Киевскиот регион. Во областа на Одеса нападите предизвикале пожар и оштетување на инфраструктурата, а еден цивил е повреден, соопштија локалните власти.ссм/
фото: архива