Украина спречи саботажа: Уапсени тројца руски соработници кои планирале напади во Виница
- Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека спречила сериозен обид за саботажа во централниот дел на земјата, приведувајќи тројца руски шпиони кои, според наводите, планирале да извршат експлозии во градот Виница.

Киев, 15 април 2025 (МИА) – Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека спречила сериозен обид за саботажа во централниот дел на земјата, приведувајќи тројца руски шпиони кои, според наводите, планирале да извршат експлозии во градот Виница.
Како што информира СБУ, уапсените се двајца невработени жители на Киевската област, регрутирани од руската воена разузнавачка служба преку канали на апликацијата Телеграм, со ветување за „лесна заработка“. Третиот член на групата бил задолжен за подготовка и монтажа на експлозивот во метални садови полни со шрафови.
Тројцата биле фатени во моментот кога поставувале скриена камера во близина на една од целите - зграда на локалната полиција. Цел на другата планирана експлозија бил автомобил на припадник на украинската војска.
Приведените се во притвор и се соочуваат со доживотна затворска казна. ссм/
фото: архива