• среда, 20 ноември 2024

Украина соопшти дека 170.000 згради се оштетени или уништени од руската армија

Украина соопшти дека 170.000 згради се оштетени или уништени од руската армија

Киев, 1 декември 2023 (МИА) - Повеќе од 170.000 згради во Украина се оштетени или уништени во руската војна во Украина, почната пред повеќе од 21 месец, соопшти Олена Шулиак, претседателка на парламентарната комисија која го надгледува регионалниот развој и урбанистичкото планирање во Киев. 

„Според прелиминарните проценки ... повеќе од 170.000 згради се оштетени или уништени од непријателствата досега“, напиша Шулиак на блог. Се додава дека бројката вклучува повеќе од 20.000 станбени згради. 

Според информациите, од руските напади биле погодени повеќе од 3.500 образовни институции и 420 големи и средни компании. Од уништувањето беа погодени и аеродроми, 344 мостови и премини и 25.000 патишта.  Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина на 24 февруари минатата година, Москва истрела илјадници ракети врз Украина, предизвикувајќи сериозно уништување и убивајќи околу 10.000 цивили. ссм/

фото: архива

Остани поврзан