• среда, 25 декември 2024

Украина соопшти дека руски ракетен удар погодил брод во пристаништето Јужне што превезувал жито

Украина соопшти дека руски ракетен удар погодил брод во пристаништето Јужне што превезувал жито

Киев, 7 октомври 2024 (МИА) - Во руски ракетен напад вчера беше погодено украинското пристаниште Јужне, при што е оштетен цивилен брод кој пловел под знамето на Сент Китс и Невис, натоварен со пченка, соопшти денеска украинското Министерство за комунален развој и територијална организација.

Министерството преку Фејсбук соопшти дека 15-те членови на екипажот не се повредени.

„За среќа, никој од 15-те членови на екипажот, кои се граѓани на Египет и Сирија, не е повреден. Бродот беше натоварен со околу 6000 тони украинска пченка. Ова е исклучиво цивилен товар“, стои во соопштението.

Министерството соопшти дека ова е 20-ти цивилен брод погоден во руски напади.

„Ова не е ништо друго освен обид на Русија да го попречи успешното функционирање на украинскиот морски коридор за храна и да ја загрози глобалната безбедност на снабдување со храна“, рече потпретседателот на владата, Олексиј Кулеба.

На почетокот на септември, брод што пловел под знамето на Сент Китс и Невис беше погоден од руска ракета во Црното Море. Подоцна во текот на месецот, друг брод под знамето на Антигва беше погоден при руски ракетен напад врз украинското пристаниште Одеса. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан