• недела, 01 септември 2024

Украина соборила 13 крстосувачки ракети упатени кон воен аеродром во регионот Хмељницки

Украина соборила 13 крстосувачки ракети упатени кон воен аеродром во регионот Хмељницки

Киев, 23 јуни 2023 (МИА) - Украинската воздушна одбрана, денеска, во раните утрински часови, собори 13 руски крстаречки ракети насочени кон воен аеродром во западниот регион Хмељницки, соопштија украинските воздухопловни сили.

Ракетите биле лансирани од руски стратешки бомбардери од област кај Каспиското Море, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Сирените за воздушен напад утрово се огласија ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан