• петок, 20 декември 2024

Украина: Русија го бомбардираше институтот во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор

Украина: Русија го бомбардираше институтот во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор
Киев, 11 март 2022 (МИА) -  Украинскиот парламент соопшти дека руските сили нападнале институт во градот Харков во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор, јави Скај њуз. Се додава дека пожар избувнал во соседен хостел. Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи, рече дека институтот содржи „извори на радијација кои се користат за научни цели“. Подоцна, украинската новинска агенција Интерфакс објави дека пожарникарите го гаснат пожарот во хостелот, кој се простира на околу 100 квадратни метри, пренесува Хина. Украинскиот нуклеарен регулатор соопшти дека „Русија уште еднаш изврши чин на нуклеарен тероризам“. ссм/

Остани поврзан