• вторник, 03 декември 2024

Украина пресретна и уништи 33 руски дронови

Украина пресретна и уништи 33 руски дронови

Киев, 30 октомври 2024 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана уништи 33 од вкупно 62 дронови испратени од Русија во текот на ноќта, соопштија украинските воздушни сили.

За дополнителни 25 дронови не се знае состојбата, но дел веројатно биле пресретнати, стои во изјавата на „Телеграм“.

Меѓу деветмината ранети во Киев, при нов руски напад со дрон, се наоѓа и едно 11-годишно девојче, соопштија украинските власти.

„По нападот со дрон избувна пожар на вториот и третиот кат на деветкатна зграда во Соломјанскиот регион, западно од Киев,“ напишаа од украинската служба за итна помош на „Телеграм.“ ссм/

фото: архива

Остани поврзан