• среда, 25 декември 2024

Украина предлага размена на повредените војници во Азовстал

Украина предлага размена на повредените војници во Азовстал
Киев, 11 мај 2022 (МИА) - Заменик премиерката на Украина, Ирина Верешчук изјави дека Киев предложил повредените украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол да бидат разменети за руските воени заробеници. - Сè уште нема договор. Продолжуваат преговорите, напиша Верешчук на социјалните мрежи. Таа додаде дека украинската Влада работи на повеќе опции како да ги спаси бранителите опколени во Азовстал. - Ниту една опција не е совршена, посочи Верешчук. Украинските војници кои се наоѓаат во Азовстал повеќепати изјавија дека нема да им се предадат на Русите. ми/

Остани поврзан