• среда, 13 ноември 2024

Украина повторно воведува рестрикции на електричната енергија поради жештините и недоволното производство

Украина повторно воведува рестрикции на електричната енергија поради жештините и недоволното производство

Киев, 19 август 2024 (МИА) - Украина денеска повторно ќе воведе рестрикции на електричната енергија за некои потрошувачи поради недостигот на производство на струја по руските напади врз енергетскиот систем и зголеменото користење поради жешкото лето, соопштија украинскиот мрежен оператор и Министерството за енергетика.

Руските напади со ракети и дронови врз енергетскиот сектор на Украина се интензивираа од пролетта, што доведе до прекини на електричната енергија во многу региони и го принуди Киев да започне со масовен увоз на електрична енергија од ЕУ.

Рестрикциите ќе бидат во сила од 17:00 до 21:00 часот по локално време, информираше енергетскиот оператор „Укренерго“.

Украина значително ги намали испораките на електрична енергија во јули поради поправки на неколку клучни нуклеарни постројки и рекордно високите температури. Во август речиси немаше рестрикции, откако реакторите повторно беа пуштени, а температурите се намалија. Според украинските власти, земјата изгубила речиси половина од својот капацитет за производство на енергија поради нападите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан