• среда, 18 декември 2024

Украина: Најголема размена на воени заробеници од почетокот на руската инвазија

Украина: Најголема размена на воени заробеници од почетокот на руската инвазија
Киев, 29 јуни 2022 (МИА) -     Украина успеа да ја реализира денеска најголемата размена на воени заробеници од руската инвазија, обезбедувајќи враќање на 144 војници, вклучително и 95 бранители од фабриката за челик во Мариупол, а ослободувањето на исто толку војници го обезбеди самопрогласената проруска Народна Република Доњецк. Според Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР), повеќето украински воени затвореници биле тешко повредени, со прострелни рани, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети. Русија не пријави размена на затвореници, но лидерот на Доњецката Народна Република изјави дека 144 сепаратистички борци, меѓу кои и руски војници, се ослободени. „На Киев му предадовме исто толку затвореници од украинските вооружени единици, од кои повеќето се ранети“, изјави Денис Пушилин. Русија и сепаратистите држат во заробеништво уште неколку стотици украински борци, а Киев е особено загрижен за судбината на Азовската бригада. Во денешната размена имаше и 43 борци од таа единица. Русија ги класифицира членовите на Азов како екстремно десничарска група. зш/

Остани поврзан