• среда, 25 декември 2024

Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

Варшава, 1 април 2023 (МИА) - Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Росомак“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

-Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмигал за 100 оклопни возила „Росомак“ што ќе се произведуваат овде, рече Моравјецки во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, каде што се произведуваат возилата.

Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.

Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.

„Росомак“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Патриа“ (Patria AMV). сд/

Остани поврзан