• сабота, 23 ноември 2024

Украина купува два нуклеарни реактори од Бугарија

Украина купува два нуклеарни реактори од Бугарија

Киев, 22 март 2024 (МИА) - Директорот на украинската компанија „Енергоатом“ Петро Котин денеска изјави дека Украина планира да купи два нуклеарни реактори од Бугарија во јуни.

Нови реактори, со опрема од руски дизајн, ќе бидат инсталирани во нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина, во обид да се компензира загубата на шест реактори во електраната Запорожје на територијата окупирана од Русија.

Поставувањето на првиот реактор ќе се изврши веднаш штом пристигнат во јуни, а вториот подоцна, рече Котин и додаде дека првата договорена цена била 600 милиони долари, иако „постои постојана желба на бугарската страна да постигне повеќе корист за себе“.

Котин изјави дека „Енергоатом“ планира да изгради уште два реактори по углед на американскиот реактор АП-1000. Тој посочи дека Украина не се откажала од плановите еден ден да ја рестартира нуклеарната централа „Запорожје“ и дека, за разлика од Русија, тоа ќе може да го направи по „деокупацијата“. Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан