• среда, 13 ноември 2024

Украина и Русија размениле по 115 воени заробеници

Украина и Русија размениле по 115 воени заробеници

Kиев, 24 август 2024 (МИА) - Русија и Украина објавија дека размениле по 115 воени заробеници, нешто повеќе од две недели откако Киев започна ненадеен упад во рускиот регион Курск.

„Уште 115 наши бранители се вратија дома денеска“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Како резултат на преговарачкиот процес, 115 руски војници заробени во регионот Курск се вратени од териториите контролирани од Киевскиот режим“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека посредувале во договорот за размена на заробениците меѓу Украина и Русија.

„ОАЕ успешно посредуваше во нова размена на заробеници меѓу Руската Федерација и Република Украина, што резултираше со ослободување на 230 заробеници“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан