• сабота, 28 декември 2024

Украина интензивно работи на обновување на воздушниот сообраќај

Украина интензивно работи на обновување на воздушниот сообраќај

Киев, 18 јануари 2024 (МИА) - Украина интензивно работи со своите партнери за да го врати воздушниот сообраќај кој е суспендиран речиси две години, со главен фокус на меѓународниот аеродром Бориспил, недалеку од главниот град Киев, изјави денеска Ростислав Шурма, заменик-шеф на украинскиот претседателски кабинет.

Воздушниот простор на Украина е затворен од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година поради безбедносни ризици за цивилната авијација и секој што патува во Киев, го прави тоа по автопат или железница од соседните земји.

Киев смета дека обновувањето на воздушниот сообраќај е многу важно за економијата.

- Не сакам да создавам премногу очекувања... но можам да ви кажам дека работиме многу интензивно на обновување на воздушната врска во Украина, рече Шурма за време на панел дискусијата во Давос.

Шурма одби да даде временска рамка за можното обновување на воздушниот сообраќај, но рече дека Украина има „внатрешна патна карта и распоред“.

Тој рече дека Киев се консултира со израелските колеги за техничките спецификации за да се овозможи процесот на обнова, без да даде детали.

Израел има долга историја на распоредување системи за противвоздушна одбрана за заштита на својата инфраструктура. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан