Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
- Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата ДПЛ на Светска банка, објави денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
Киев, 24 декември 2024 (МИА) - Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата ДПЛ на Светска банка, објави денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, наведе Шмихал во објавата на Телеграм.
Тој им се заблагодари на Светска банка, владите на Јапонија и Велика Британија за „силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на земјата“. паг/
Фото: МИА архива