• сабота, 04 јануари 2025

Украина го прекина транспортот на руски гас

Украина го прекина транспортот на руски гас

Киев, 1 јануари 2025 (МИА) – Украинското Министерство за енергетика соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.

„Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство.

Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.

„Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас. Европската иницијатива Repower EU се усогласува со она што Украина го постигна денес“, наведе украинското Министерство за енергетика.

Фото: Министерство за енергетика на Украина

Остани поврзан