• недела, 24 ноември 2024

Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра

Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра
Никозија, 24 мај 2022 (МИА) – Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти. Во соопштението се наведува дека Украина го покренала прашањето до „релевантните органи на Република Кипар“ и оти не може да се дадат информации дали компаниите регистрирани на Кипар биле користени за заштита на имотот од санкциите воведени на почетокот на инвазијата. Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова го идентификуваше санкционираниот руски бизнисмен како милијардерот Михаил Фридман од Алфа банка. Канцеларијата на Венедиктова претходно соопшти дека неименуван руски олигарх и бизнисмен, присутен во украинскиот банкарски сектор, се обидел да го заштити своето богатство од санкции упатувајќи го на Кипар. - Кипар е целосно посветен на ефективната примена на санкциите на ОН и рестриктивните мерки на Европската унија, а секое прекршување е казниво со закон. Фридман нема кипарски пасош, се вели во соопштението. Кипар, исто така, ќе им го одземе државјанството на осум Руси и членови на нивните семејства кои се наоѓаат на списокот со санкции на ЕУ. јт/

Остани поврзан