• понеделник, 15 декември 2025

Украина: Вратена контрола врз 16 квадратни километри територија кај Покровск

Украина: Вратена контрола врз 16 квадратни километри територија кај Покровск

Киев, 14 декември 2025 (МИА) - Украинските сили успеаја да ја вратат контролата врз околу 16 квадратни километри во северниот дел на Покровск, Доњецка област, во текот на изминатите неколку седмици, соопшти групата на украинските војници „Исток“ во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Во блискиот Мирноград, украинските единици ги задржуваат одбранбените линии и елиминираат руски единици во приодите на градот, се вели во соопштението.

Се прецизира дека логистиката во зоната останува сложена и украинските единици преземаат мерки за проширување на логистичките коридори до Мирноград.

Борбите во реонот на Покровск и Мирноград продолжуваат со месеци и претставуваат едни од главните жаришта на фронтот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан