• недела, 28 јули 2024

Украдени решетки од сливници и капаци од шахти, случајот пријавен во полиција

Украдени решетки од сливници и капаци од шахти, случајот пријавен во полиција
Скопје, 20 јануари 2021(МИА) - Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден“ и „8-ми Септември“ и улицата „Карпошево Востание“ во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје случајот е пријавен, а украдените ќе бидат заменети со нови во најбрз можен рок. Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош. - Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, се додава во соопштението на јавното претпријатие испратено до јавноста. свс/сп/

Остани поврзан