• четврток, 26 декември 2024

Укинат пратеничкиот имунитет на десничарски лидер во Германија

Укинат пратеничкиот имунитет на десничарски лидер во Германија
Берлин, 30 јануари 2020 (МИА) - Германските пратеници денеска му го укинаа пратеничкиот имунитет на десничарскиот политичар Александар Гауланд во рамките на истрагата поради наводни даночни неправилности. Гауланд (78) е еден од лидерите на парламентарната партија Алтернатива за Германија, а имунитетот му се одзема за да се овозможи „извршување на одлуките за претрес и заплена кои ги наложи судот“. Обвинителите во Франкфурт, како што пишува германскиот весник „Шпигел“, истражуваат дали Гауланд правилно уплаќал данок. Поради се уште непозната причина, пратениците го укинале и имунитетот на член на партијата на канцеларката Ангела Меркел. Истрагата против Гауланд е одвоена од истрагата за неговата сопартијка од Алтернатива за Германија Алис Вајдел, која е обвинета за нелегално финансирање на партијата. Таа ги негираше обвинувањата. ез/јт/  

Остани поврзан