• четврток, 26 декември 2024

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар - Кичевo преку Стража

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар - Кичевo преку Стража
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичевo преку планинскиот превој Стража. Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид - Кичево, превој Пресека и обратно. Посочуваат дека од 00:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од 06:20 часот поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.фф/ац/

Остани поврзан