• сабота, 23 ноември 2024

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеа на отстранување на паднатите дрвја.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан