• недела, 17 ноември 2024

УЕФА: Двегодишна суспензија за Манчестер Сити

УЕФА: Двегодишна суспензија за Манчестер Сити
Нион, 14 февруари 2020 (МИА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече двегодишна суспензија за Манчестер сити во Лигата на шампиони и за Лига Европа. Згора на тоа, тимот од „Етихад“ е казнет и со 30 милиони евра за сериозно прекршувања на правилото за финансиски фер-плеј.
Суспензијата за „граѓаните“ која се однесува на двете клупски натпреварувања е показател за сериозноста на УЕФА во намерата за доследно почитување на финансиските правила и кодексот на однесување.
Казната за премиерлигашот се однесува и за вештачко „пумпање“ на приходите од спонзорства. Наодите се резултат на истрагата што беше иницирана по објавување на мејлови и документи од германскиот магазин „Шпигел“ во ноември во 2018 година.
Тие покажуваат дека газдата на Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајед ал Нахјан од владеачкото семејство во Абу Даби, воглавно го финансира огромното богатство од 67,5 милиони фунти на годишно ниво во клубот, на стадионот и во Академијата преку авио-компанијата „Етихад“.
Еден од мејловите, сепак, упатува дека во сезоната 2015/16, само осум милиони фунти преку „Етихад“, а остатокот е од компанијата на Мансур бин Зајед ал Нахјан - „United Group Abu Dhabi“.
Од Манчестер сити изразија разочараност од одлуката и најавија дека ќе поднесат жалба за суспензијата и за висината на паричната казна во најкус можен рок. сѓд/

Остани поврзан