• вторник, 24 декември 2024

УЕФА ќе и плати на Руската фудбалска федерација повеќе од 7 милиони евра

УЕФА ќе и плати на Руската фудбалска федерација повеќе од 7 милиони евра

Нион, 19 ноември 2024 (МИА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе префрли приближно 7,6 милиони евра солидарни исплати на Руската фудбалска федерација за сезоните 2023/2024 и 2024/2025 година. Ова е јасно од документите објавени на веб-страницата на организацијата.

Русија, како земја-членка на здружението чии клубови не учествуваа во групната фаза од Лигата на шампионите во минатата и тековната сезона, има право на 3,381 односно 4,224 милиони евра за секое од изданијата.

Плаќањата се наменети за поддршка на младинскиот фудбал и мора да се направат пред крајот на тековната сезона.

На руските фудбалски тимови им е забрането учество во сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА од 2022 година како резултат на инвазијата на руската армија во Украина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан