• вторник, 24 декември 2024

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Литванија поради навредливи скандирања за Путин

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Литванија поради навредливи скандирања за Путин

Нион, 23 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Литванската фудбалска федерација, Едгарас Станкевичиус изјави дека УЕФА ја казнила организацијата поради навредливи скандирања на навивачите за рускиот претседател Владимир Путин.

Скандирањето се слушна за време на натпреварот на литванската репрезентација против Србија (1:3) на квалификацискиот турнир за ЕП 2024 година. 

Казната изнесува 10 илјади евра.

Според Станкевичиус, цитиран од ЛРТ, ова скандирање се слушало и на претходниот натпревар на литванската репрезентација, но тогаш делегатот од Шпанија овој момент не го запишал во извештајот.

На натпреварот Литванија - Србија како делегат работеше Куаниш Канапјанов од Казахстан. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан