• среда, 18 декември 2024

УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск

УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск

Нион, 3 декември 2024 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја казни полската Легија по натпреварот од третото коло од Конференциската лига против Динамо Минск, објавија полските медиуми.

Казната изнесува 17,5 илјади евра.

На натпреварот меѓу Легија и Динамо Минск (4:0), кој се одигра на 7 ноември во Варшава, полските навивачи закачија политички транспаренти на трибините, а извикуваа и навредливи скандирања против претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Ова е четврта казна за полскиот клуб во тековната Конференциска лига. Претходно Легија беше казнета со 80 илјади евра по домашен меч со шпански Бетис (1:0) во првото коло од турнирот, како и 15 илјади евра по гостувањето кај српскиот клуб Бачка Топола ( 3:0 ) во второто коло.

Исто така, со одлука на УЕФА, на навивачите на Легија им беше забрането да присуствуваат на гостувањето кај кипарска Омонија (3:0) во четвртото коло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан