• среда, 18 декември 2024

УЕФА покрена постапка против европскиот шампион

УЕФА покрена постапка против европскиот шампион

Нион, 20 јули 2024 (МИА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена постапка против Шпанската фудбалска асоцијација откако капитенот Алваро Мората и неговиот соиграч Родри скандираа „Гибралтар е Шпанија“ за време на прославата во Мадрид по освојувањето на Европското првенство.

УЕФА ќе „процени потенцијално прекршување на дисциплинските прописи“, објави управното тело на европскиот фудбал.

Претходно, Фудбалскиот сојуз на Гибралтар испрати официјална жалба до УЕФА, оценувајќи ја прославата на шпанскиот фудбалер како „крајно провокативна и навредлива“, наведувајќи дека „во фудбалот нема место за вакво однесување“.

Шпанија во финалето на ЕУРО ја победи Англија со 2:1. Прославата на титулата се одржа пред десетици илјади шпански навивачи на плоштадот „Цибелес“ во Мадрид во понеделникот, а Мората и Родри ги повикаа навивачите да се придружат во скандирањата „Гибралтар е Шпанија“.

Гибралтар, член на УЕФА од 2013 година, е енклава во јужна Шпанија која е под британска власт од 18 век, но Шпанија долго време бара нејзино враќање. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан