• четврток, 26 декември 2024

УЕФА: Одлуките за европските натпревари не се донесени

УЕФА: Одлуките за европските натпревари не се донесени
Нион, 4 јуни 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не коментира за појавување на шпекулации за различни опции за завршување на европската клупска сезона. - Прашања за датумите на неодиграните натпревари и веројатноста финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа да бидат одложени од Истанбул и Гдањск не се дефинирани. Се создаде работна група со претставници на лиги и клубови да ги проучуваат календарските решенија и формат опциите што дозволија да ја заврши тековната сезона. Во моментов се разгледуваат различни опции. Во оваа фаза не се донесени решенија, соопшти УЕФА. Претпладнево германски „Билд“ излезе со информација дека Германија, Португалија и Русија се претенденти за завршниот турнир во Лигата на шампионите. Конечната одлука се очекува на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА закажан за до 17 јуни. зс/

Остани поврзан