• среда, 25 декември 2024

УЕФА не го коментира предвременото прекинување на францускиот шампионат

УЕФА не го коментира предвременото прекинување на францускиот шампионат
Нион, 28 април 2020 (МИА) - УЕФА одби да ја коментира ситуацијата во Франција, каде фудбалските натпревари нема да бидат продолжени по одлука на владата поради пандемијата од коронавирус, пренесува руски „СпортЕкспрес“. Во оваа ситуација, сè уште не е јасно што ќе се случи со Пари Сен Жермен и Олимпик Лион, кои продолжуваат да учествуваат во ЛШ. ПСЖ стигна до четвртфиналето, откако ја елиминираше Дортмунд Борусија со вкупен резултат 3-2, а Лион на домашен терен победи против Јувентус со 1: 0), но реваншот од полуфиналето сè уште не е одржан. УЕФА ги демантираше тврдењата пред „СпортЕкспрес“ дека 2 и 3 август е крајниот рок за завршување на првенствата и куповите за сезоната 2019/2020. - Официјалната преписка на УЕФА не споменува никакви рокови, се вели во изјавата на централата за руската веб-страница. Неодамна, разни извори пренесоа дека УЕФА го одредила 2 или 3 август како краен рок за завршување на домашните првенства и купови.

Тагови

Остани поврзан