УЕФА им забрани на навивачите на Галатасарај да присуствуваат на натпреварот на гостински терен против Ливерпул во ЛШ
- Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи да ја забрани продажбата на билети на навивачите на Галатасарај за натпреварот на гостински терен од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, објави прес-службата на организацијата.
Нион, 4 март 2026 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи да ја забрани продажбата на билети на навивачите на Галатасарај за натпреварот на гостински терен од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, објави прес-службата на организацијата.
Забраната е предизвикана од однесувањето на навивачите на турскиот тим за време на реваншот од плејофот против Јувентус (2:3 на гости), кој се одржа на 25 февруари во Торино. За време на натпреварот, навивачите на Галатасарај користеа пиротехника, предизвикаа нереди и фрлаа предмети на теренот.
УЕФА, исто така, му изрече казна од 40.000 евра на турскиот клуб за инцидентите предизвикани од неговите навивачи.
Првиот натпревар помеѓу Ливерпул и Галатасарај во Турција ќе се одржи на 10 март, а реваншот во Англија на 18 март. зс/
Фото: ЕПА